Вицепремиерот Османи во посета на Косово

 Заменик претседателот на Владата на Република Македонија, Бујар Османи денеска ќе престојува во еднодневна работна посета на Република Косово. 

Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, Османи во Приштина ќе оствари средби со претседателот на Косово Хашим Тачи, како и со потпретседателот на Владата на Косово Енвер Хоџај. 

На средбите, како што се посочува, ќе бидат отворени прашањата за напредокот во меѓусебната соработка меѓу Република Македонија и Република Косово, очекувањата од претстојните самити на Европската Унија, и воопшто, европските перспективи на земјите од Западниот Балкан. 

 

 

 

19.06.2018 - 08:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега