Четворица полицајци на Ургентен - нивната „Астра“ излетала од патот кај Тетово

Попладнево се случила сообраќајна несреќа на автопатот Гостивар - Тетово. Според досегашните информации, возило „Опел Астра“ во кое се превезувале четворица полициски службеници излетало од патот пред наплатната рампа на влезот во Тетово.

Полицајците кои биле повредени во несреќата, се враќале од синдикалните игри кои викендов се одржуваа во Охрид.

„Астрата“ излетала од патот од засега непознати причини. Од полицијата информираат дека полицајците не заработиле тешки повреди, но, сепак биле пренесени во скопскиот Ургентен центар.

15.09.2013 - 15:43

најчитано сега