СДСМ: Договорот е патриотски чин, ВМРО-ДПМНЕ да излезе од матрицата на поделби и деструкција и да даде поддршка

Договорот со кој се става крај на 25 годишниот спор со Грција е демократски чин којшто ја обезбедува иднината на граѓаните и државата и го гарантира македонскиот иденитет еднаш засекогаш, реагираат од СДСМ и ја повикуваат опозициската ВМРО-ДПМНЕ да даде поддршка. 

„Доколку ВМРО-ДПМНЕ навистина се грижи за граѓаните и државата треба прво да расчисти со криминалот во сопствените редови, да излезе од матрицата на поделби, деструкција и конфликт и да учествува во процесот што овозможува граѓаните да одлучат, за македонската иднина. Никој не смее да ја кочи иднината на Македонија и затоа последниот збор за овој Договор ќе го имаат граѓаните. Токму граѓаните, на референдум, ќе се изјаснат и ќе оценат дали ВМРО-ДПМНЕ се за или против македонската иднина", се вели во соопштението на СДСМ.

 

 

 

20.06.2018 - 10:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега