Хоџа: Предложените лица од Владата за претседател и членови на РКЕ се избрани на јавен оглас

Предложените лица од Владата за претседател и членови на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) се избрани преку јавен оглас, информира денеска владиниот порптпарол Мухамед Хоџа.

- На огласот што траеше од 8 до 14 јуни вкупно аплицираа 13 лица. Изборот, согласно законски утврдените критериуми, го направи Комисијата за именување во рамки на Владата, рече Хоџа во одговор на прашање на прес-конференција во Владата.

Тој посочи дека претседател на Кадровската владина комисија е вицепремиерот и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, а членови се вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, вицеремиерот Хазби Лика, министерот за здравство Венко Филипче, министерот за финансии Драган Тевдовски, министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Владината комисија ги предложи Марко Бислимовски за претседател, а Наташа Вељановска, Атанаско Тунески и Куштрим Рамадани за членови на Регулаторната комисија за енергетика. 

 

 

 

20.06.2018 - 12:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега