Ужас во Македонија: Старец се обиде да силува дете

Секторот за внатрешни работи Охрид, до Основното јавно обвинителство Охрид, поднесе кривична пријава против 71-годишниот Ф.Ш.  од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полов напад врз дете кое не наполнило 14 години“.

На 19.06.2018 година во 15:00 часот во Секторот за внатрешни работи Охрид, 46-годишната Р.А. пријавила дека истиот ден околу 14:00 часот на улицата „Гоце Делчев“ нејзината 11 годишна внука била пресретната од пријавениот, кој почнал да ја влече и да ја бакнува.

Девојчето успеало да избега, при што го изгребало по лицето.

По преземени мерки лицето било пронајдено и лишено од слобода.

 

 

 

20.06.2018 - 15:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега