Изгоре куќа во пожар во Куманово

Ќуќа изгоре во пожар кој вчера околу пладне избувнал на улицата „Доне Божинов“ во Куманово, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Во 12 часот и 20 минути, четворица пожарникари со едно возило по претходно добиена пријава излегле на терен за да го изгаснат пожарот, а нивната интервенција траела до 12 часот и 55 минути, пишува порталот „Куманоски муабети“

Од пламените јазици причинета е материјална штета која допрва ќе се утврдува.

Причините за избувнување на пожарот остануваат непознати.

 

 

 

21.06.2018 - 08:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега