Тешка несреќа во Македонија: Автомобил се заби во мотоцикл - маж заврши на Клиника

На крстосницата од улица „Димитар Влахов“ и улица „Бел Камен“ во Кочани, вчера околу 11:40 часот дошло до судир помеѓу патничко возило „Опел Инсигнија“ со италијански национални ознаки, управувано од 47-годишниот Р.Ф. село Елово, општина Студеничани и мотоцикл „Сузуки“ со бугарски национални ознаки управуван од 31-годишниот Н.З. село Тркање, кочанско.

Во незгодата, возачот на мотоциклот се здобил со тешки телесни повреди кој по укажаната лекарска помош во Јавната здравствена установа Кочани бил префрлен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. 

Увид на местото на настанот извршила екипа од полициската станица Кочани.

 

 

 

 

21.06.2018 - 10:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега