Апсења на граничните премини „Табановце“ и аеродромот во Скопје

Вчера во 13 часот и 50 минути на Граничен премин Аеродром Скопје, при пасошка контрола, било констатирано дека 23- годишниот Ј.А  од село Арачиново, скопско, се ноаѓа на листата со мерка „А” (апси).

Лицето било приведено во полициска станица за понатамошна постапка.

Истиот ден но нешто подоцна во 15 часот и 15минути на Граничен премин „Табановце“, при контрола на патничко возило „Мерцедес“ со српски национални ознаки, управувано од 59- годишниот А.И  од село Чегране, гостиварско, а со место на живеење во Република Србија, било констатирано дека возилото е фалсификувано, односно дека има вградено делови од украдени возила во Република Чешка и Италија, како и фалсификуван ВИН број.

Лицето било приведено и предадено во СВР Куманово за понатамошна постапка, а возилото со потврда за привремено одземени предмети било одземено.

 

 

 

 

21.06.2018 - 10:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега