Двајца поранешни градоначалници на Старо Нагоричане осомничени дека пиеле и јаделе по ресторани на државна сметка

Од СВР Куманово информираат дека е поднесена кривична пријава против 58- годишниот М.Ј и 58- годишниот М.С, двајцата од Куманово, поради сомнение дека сториле кривична пријава несовесно работење во служба.

Истрагата утврдила дека во периодот од 2009 година до ноември 2017 година, пријавените, кои во различен период биле градоначалници на општина Старо Нагоричане, организирале приватни ручеци, забави, состаноци и прослави со вработени во општината, на сметка на Општината.

Градоначалникот Јовановиќ во периодот од 2010 до 2013 година,  во два угостителски објекти со свои пријатели искористил угостителски услуги во износ од околу 2,2 милиони денари, а платил само помал дел од вкупната сметка.

Кога осомничениот Стојковски дошол на градоначалничка фунција наследил долг од 1.3 милиони денари. Но и покрај тоа, тој продолжил да ги користи угостителски услуги и во периодот од 2014 до 2017 година во четири кафеани направил сметка од 1.2 милиони денари, а од долгот платил само помал дел.

На овој начин, двајцата ја задолжиле општината со износ од 1.5 милиони денари. 

 

 

 

21.06.2018 - 14:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега