Несреќа во Македонија: Маж прегазен во близина на aвтобуска станица

Во кругот на автобуската станица Кочани, вчера околу 08:30 часот,  автобус „Ман“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на „Берово-Транс“, управуван од 50-годишниот К.М. од Берово, удрил во 62-годишниот С.А. од Кочани. 

Од ударот пешакот се здобил со тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош во Јавната здравствена установа Кочани бил препратен во комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје. 

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Кочани.  

 

 

 

 

21.06.2018 - 14:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега