Македонската полиција фати скопјанец на дело - веднаш го приведе

Во 01.25 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на улицата „Народен фронт“ непознато лице насилно влегло во патничко возило „Астра“ со намера да изврши тешка кражба.

Полициски службеници од Полициска станица Центар излегле на местото на настанот при што бил затекнат 28-годишниот Б.Ј. од Скопје, кој кај себе имал одземени повеќе предмети.

Лицето било приведено во Полициска станица Центар за понатамошна постапка.

 

 

 

21.06.2018 - 15:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега