Потресни детали за пожарот во Велес: За најмалото дете пожарникарите помислиле дека е кукла

Марина Антониевска и Никола Давчевски, родители на трите деца кои изгореа во пожарот во Велес ноќта ја поминале во пожарната зграда. 

 -Се враќав од Скопје, кога дознав за трагедијата. Веднаш се упатив кон зградата на пожарната служба. Цела ноќ ја минав таму, еве дури денес на пладне се вратив дома. Однесов се што им беше потребно на родителите и на седумнаесет годишното момче, се враќав до дома дури три пати, бидејќи не знаев колкави се луѓето, каква облека ќе им треба, раскажува хуманитарката Ленче Здравкинин, пренесе Фокус.

-Многу е потресно сето ова што се случи. Како што раскажуваа пожарникарите, од децата не останало речиси ништо, целосно биле изгорени. Кога ги пронашле поголемите две, сакале да излезат надвор, но таткото викнал дека има уште едно. Кога го забележале најмалото, првин помислиле дека е кукла, пишува Фокус.

Случајот се истражува.

 

 

 

21.06.2018 - 16:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега