„Ние сме на улица децата ни се во гроб" - родителите на дечињата кои изгореа со потресно сведоштво

Ден по трагедијата која ја зави Македонија во црно, откако вчера три дечиња на возраст од една, две и четири години живи изгореа во пожар во Велес, родителите за ТВ24 раскажуваат за трагедијата која им ги зацрни животите.

- „Се е изгорено до темел. Изгубив три дечиња, се е изгубено, нема надеж за нас“, вели  Никола Давчевски, таткото на децата за ТВ24.

Отишле во продавница да купат храна за децата. Се задржале половина час. Кога се вратиле куќата била во пламен. Се сомневаат дека пожарот бил подметнат, бидејќи немало ни струја.

- „Немав ниту струја ниту вода, барав помош и од општина и од социјално, ми помогнаа со две илјади денари. Сето ова со жената сме го направиле и сега после четири години се ни се уништи“, вели таткото и додава дека сега се на улица, а децата во гроб.

Куќата на семејството се наоѓа буквално среде шума, а патот до таму е тешко пристапен. 

 

 

 

21.06.2018 - 19:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега