МВР со детали за трагедијата која ја потресе Македонија - почина шестгодишно дете

Полицијата денеска со информација за големата трагедија вчера во Струга, која ја потресе цела Македонија.

Околу 12 часот било пријавено дека во Струга на улицата „ЈНА“, од балкон од петти кат од зграда паднало шестгодишно девојче и починало на местото на настанот.

Увид извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Струга.

Во согласност на Јавен обвинител, телото на починатата било предадено на семејството за погреб.

 

 

 

22.06.2018 - 11:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега