ЈСП со посебен сообраќаен распоред за Велигденските празници

За време на Велигденските празници, ЈСП - Скопје ќе работи по изменет сообраќаен распоред. Автобусите денеска сообраќаат по саботен возен ред, со зголемен број на поаѓање од 6:00 до 9:00 часот и од 13:30 до 17:00 часот.

Во петок автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред, освен линиите 11, 32, 47а, 51, 55, 56, 56а, 70, 74, 80а и 81 кои ќе сообраќаат по делничен возен ред.

Автобусите во сабота ќе сообраќаат по неделен возен ред, а ЈСП-Скопје ќе го зголеми бројот на поаѓање од 6:00 до 18:00 часот.
         
Вп понеделник автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред.

Од ЈСП-Скопје информираат дека за подетални информации граѓаните ќе можат да се информораат во Диспечерскиот центар на телефонскиот број 3173-224. 

најчитано сега