Повторно ќе уживаме: Ова е следниот неработен ден за Македонците
Македонците изминатиов период имаа можност да уживаат во неколку продолжени викенди. До крајот на годината остануваат уште неколку неработни денови. Следниот неработен ден е четврток, 2. август, Ден на Републиката.
Во продолжение погледнете ја листата на неработни денови кои ни остануваат до крајот на 2018 година.
За сите граѓани на РМ
• 02 август (четврток), Ден на Републиката
• 8 септември (сабота), Ден на независноста
• 11 октомври (четврток), Ден на народното востание,
• 23 октомври (вторник), Ден на Македонската Револуционерна Борба,
• 8 декември (сабота), “Св. Климент Охридски”
За граѓаните од православна вероисповед
• 28 август (вторник), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)
За граѓаните од католичка вероисповед
• 01 ноември (четврток), Празникот на сите светци
• 25 декември (вторник), првиот ден на Божик
За граѓаните од муслиманска вероисповед
• 21 август (вторник), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам
За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ
• 22 ноември (четврток), Ден на Албанската азбука
За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ
• 19 септември (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур
За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ
• 28 септември (петок), Меѓународен ден на Бошњаците
За граѓаните припадници на турската заедница во РМ
• 21 декември (петок), Ден на настава на турски јазик
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа