Чижов: Приемот на Македонија во НАТО ќе биде грешка со последици

 

Спутник Србија денеска го објави коментарот на постојаниот претставник на Русија во ЕУ, Владимир Чижов во кој тој ги објаснува негативните последици од можното зачленување на Македонија во НАТО.

Според Чижов, Русија не е против ширењето на ЕУ, бидејќи секоја држава има право самостојно да носи одлуки, но понатамошното ширење на НАТО е „нешто друго“.

„Се разбира, нема да фрлиме нуклеарни бомби…Како што реков, секоја земја има право да носи одлуки и да прави сопствени грешки. Но, има грешки… Има грешки кои имаат последици”, изјавил Чижов, одговарајќи на прашањето за руска реакција на можното пристапување на Македонија во НАТО. 

 

 

 

 

24.06.2018 - 11:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега