СДСМ го осуди нападот врз штабот на ВМРО-ДПМНЕ: Не сме виновни за поделбите во опозициската партија
„Како одговорна партија, отфрламе каква било поврзаност со случајот, СДСМ никако не може да биде виновен за поделбите внатре во опозициската партија.
СДСМ јасно и недвосмислено беше дел од Шарената револуција во вистинските моменти кога државата требаше да се спаси од криминалот, поделбите и изолацијата, и тоа не го криеше. Во улога на владејачка партија, СДСМ ја води државата напред и работи исклучиво во интерес на граѓаните.
Очекуваме сите надлежни институции, согласно нивните законски надлежности, да го расчистат овој случај”, пишува во соопштението од СДСМ.
24.06.2018 - 11:32
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа