Тепачка пред ресторан во Тетово: Нападнат полицаецот кој интервенирал

Синоќа околу 02:45 часот во Тетово на крстосницата од улицата „Иво Рибар Лола“ со улицата „Страшо Пинџур“, поточно пред угостителски објект  полициски службеници од СВР-Тетово забележале две непознати лица кои го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна тепачка. 

При преземањето мерки со цел спречување на нарушувањето, едно од лицата го нападнало полицискиот службеник. Лицето било приведено во СВР-Тетово, каде бил утврден идентитетот, односно дека се работи за 29-годишниот М.Н. од Тетово и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

Известен е јавен обвинител.

 

 

 

 

24.06.2018 - 13:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега