Ограбена спортска обложувалница во Скопје

Две непознати лица со закана со пиштол синоќа ограбиле спортска обложувалница на ул.„Коста Новаковиќ“ во Скопје.

Како што соопшти МВР, синоќа во 21.50 часот двете лица влегле во обложувалницата и со закана со пиштол извршиле разбојништво над вработената А.Н (47)  од Скопје  при што одзеле околу 36.000 денари.

Увид на лице место извршила екипа од СВР-Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

 

24.06.2018 - 13:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега