Автомобил се заби во заштитна ограда кај Прилеп: Повредено 18- годишно момче

Утринава околу 01 часот и 30 минути на магистралниот пат  Градско - Прилеп патнички автомобил марка „Фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки, управуван од 19- годишниот Љ.Т од населбата Градско удрил во заштитната ограда од бензинска пумпа и се превртел на патот.

Во незгодата со повреди се здобил сопатникот, 18- годишниот Ѓ.Ѓ од Росоман кој бил пренесен и задржан на лекување во Јавната здравствена установа Општа болница Кавадарци.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Кавадарци.

 

 

 

25.06.2018 - 10:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега