Во Македонија, три железнички несреќи за еден ден - воз излета од шините, две лица во болница

Неколку железнички сообраќани несреќи во текот на вчерашниот ден во Македонија, две чица повредени, известуваат од МВР.

Оттаму јавуваат дека воколу 18.00 часот било пријавено дека на потегот од стојалиштето Дуброво и железничката станица Демир Капија, на отворена пруга, при дефект на товарен воз, со намера возот да се отстрани од пругата, дошло до железничка незгода, односно од непозната причина машината удрила во другата машина од товарниот воз, при што едната осовина излегла од шините. Повредени се две лица од возниот персонал на кои лекарска помош им била укажана во Градската општа болница Неготино.

Увид ќе се врши од страна на Полициска станица Неготино и комисија од Македонски железници. Патничкиот и товарниот сообраќај бил во прекин од 18.00 часот на тој дел од пругата. Во 01.50 часот железничкиот сообраќај бил нормализиран.

Истиот ден нешто порано во 13 часот и 50 минути на делот од пругата помеѓу железничкото стојалиште Браилово и железничкото стојалиште Слепче, патнички воз кој сообраќал на релација Битола-Скопје, удрил во камења на пругата кои биле поставени од непознати лица.

Од ударот предизвикано е оштетување на браникот на возот, но истиот не застанал, односно го продолжил движењето.

Потоа истиот ден околу 19,05 часот патничкиот воз кој сообраќал на релација Скопје-Битола, удрил во  камењата на пругата, но од ударот не била предизвикана материјална штета .

 

 

 

 

25.06.2018 - 11:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега