Кумановец „оперирал“ низ градот: Ограбил три куќи при што се стекнал со огромна имотна корист

Против 39-годишниот кумановец А.С. Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава поради основано сомнение за сторени кривични дела „кражба“, „кражба во обид“  и „разбоjничка кражба“.

Како што соопшти МВР, пријавениот, во периодот од 18 до 21 јуни, годинава, преку незаклучени врати влегол во три куќи.

- Во едната одзел златен накит и пари стекнувајќи се со противправна имотна корист од 300.000 денари. Во втората бил затекнат од сопственикот додека вршел пребарување, по што побегнал без да одземе ништо. Во третата куќа, исто така, бил затекнат од сопственичката како држи одземени пари, по што неколку пати ја турнал и успеал да побегне со дел од парите, наведуваат од МВР.

Од страна на Судија на претходна постапка на А.З. му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

 

 

 

25.06.2018 - 13:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега