Пукање попладнево во Арачиново - жителите го блокираа патот

Инцидент се случил денеска во скопско Арачиново, по што полицијата испукала три куршуми во правец на возило за кое постои сомнение дека било управувано од две лица кои се баратаат со потерница, објави Алсат М.

Од МВР за Алсат М изјавиле дека осомничените со возилото тргнале кон полицајците, по што полицијата почнала да пука.Жителите од Арачиново пак, велат дека припадници на единицата Алфи излегле од своето возило и без најава и предупредување почнале да пукаат кон возилото со осомничените.

Рeвлтирани поради ваквиот настан, жителите го блокираат главниот пат во Арачиново и бараат од МВР повеќе да не се случи вакво нешто.

 

 

 

 

25.06.2018 - 19:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега