Автомобил прегзи пешак, па се заби во друго возило: Девојка итно однесена на Клиника

Вчера во 21:15 часот на улица „Шишка“ во Кавадарци мотоцикл „Хонда ЦБР900“, управуван од 22-годишниот С.Л. од село Марена, кавадаречко, удрил во 18-годишната пешак Е.К. од Кавадарци, а потоа и во патничко возило „Голф“ со велешки регистарски ознаки,  управувано од 31-годишниот Д.Д. од Кавадарци.  

Притоа, со тешки телесни повреди се здобила Е.К., која по укажаната лекарска помош во Јавната здравствена установа Кавадарци била префрлена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. 

Увид на местото извршила увидна екипа од Полициската станица Кавадарци.

 

 

 

 

26.06.2018 - 11:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега