Тешка сообраќајна несреќа во Скопје: Момче со возило се заби во бетонска жардниера

На булеварот „Трета Македонска бригада“ синоќа во 21:18 часот во Скопје, патничко возило „Опел“ со бугарски национални ознаки, управувано од 19-годишниот Г.Ѓ. од Скопје, удрило во бетонска жардиниера.

Од ударот со тешки телесни повреди се здобил Г.Ѓ., кој бил пренесен во Ургентен центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде му била укажана лекарска помош и му биле констатирани тешки телесни повреди. 

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. 

 

 

 

 

26.06.2018 - 11:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега