Драма во тетовско: Со пиштол и се заканувал дека ќе ја убие, па ја заклучил дома

Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против 38-годишниот Ј.Ќ.  од село Нераште, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „разбојничка кражба”, „противправно лишување од слобода“ и „загрозување на сигурноста”.

На 22.06.2018 година околу 06:30 часот во село Теарце, тетовско, во домот на 69-годишната В.Ѓ., пријавениот откако одзел гасен пиштол со него упатил закани по животот кон неа, по што  ја заклучил во куќата. Потоа, пријавениот се вратил во неговиот дом каде започнал расправија со неговата мајка, 71-годишната Ш.Ќ., по што таа пријавила дека била психички малтретирана од него. 

По преземени мерки, пријавениот бил лишен од слобода, му бил одземен пиштол „МД92ФС БЛОУБЕК”, а во разговор во полициска станица ги признал делата.  

 

 

 

 

26.06.2018 - 14:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега