Синдикатите за сообраќај и врски денеска на дебата за идните предизвици

Денеска во Скопје ќе се одржи Дебата на Синдикатите за сообраќај и врски од Македонија и регионот, на која ќе се зборува за новите регионални и европски предизвици.

Освен претставници од синдикатите за сообраќај и врски од регионот, на дебатата е најавено присуство и на претставник од Интернационалната транспортна федерација.

Организатор на дебатата е Синдикатот на работниците од сообраќајот и врските на Република Македонија. 

16.09.2013 - 08:55

најчитано сега