Кастратовиќ: Клучот за пласман во ЛШ беше нашата одбрана

Стратегот на клупата на Вардар, Индира Кастратовиќ не го криеше задоволството од триумфот на турнирот во Италија и успехот на нејзиниот тим да се пласира во ЛШ. Клучот за успех на ракометарките според нејзе беше играта во одбраната. 

- Ова беше голем предизвик за нас, но одигравме добро, со ладни глави и успеавме. Најважно од се, нашата одбрана денеска одигра без грешка. Тоа беше клучот за нашиот успех. Се подготвувавме за овој меч, бевме подготвени за секој напад на противникот и ги сопревме сите нивни акции. Одигравме тимски и најважно од се победивме и се пласиравме во групната фаза од Лигата на шампионите. Покажавме дека имаме квалитет за многу посилни натпревари и подготвени сме за новите предизвици што не очекуваат сезонава, посебно во Лигата на шампиони, истакна Индира Кастратовиќ по триумфот на ЖРК Вардар СЦБТ на квалификациите во Салерно и пласманот во Лигата на шампионите.

До првата цел во новата сезона Вардарки стигнаа со убедливите победи против домаќинот Салерно (35:16) и францускиот Флори Луар (33:25).

Во групната фаза од ЛШ противници на македонскиот првак ќе бидат: Ларвик (Норвешка), Бера Бера (Шпанија) и Подравка (Хрватска).

16.09.2013 - 09:21

најчитано сега