Тешка сообраќајка во Македонија - возило излета од патот и се преврте

На регионалниот во близина на крстосницата село Црничани - Богданци, вчера околу 12:30 часот, 29-годишниот А.С. од Скопје управувајќи товарно моторно возило „Фиат Добло Карго“ со скопски регистарски ознаки изгубил контрола над возилото, коешто излегло надвор од коловозната лента и се превртело.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил А.С., кој по укажаната лекарска помош во Медицински центар Гевгелија е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза" Скопје на понатамошно лекување, додека сопатникот, 33-годишниот Д.П. од Скопје, се здобил со телесни повреди. 

Извршен е увид на местото на настанот.

 

 

 

 

27.06.2018 - 10:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега