Изгубил контрола над возилото и паднал на коловозот - скопјанец итно однесен во болница

Вчера околу 20:00 часот во Скопје на улицата „23-ти Октомври“ се случила сообраќајна незгода во која 26-годишниот В.О. од Скопје управувајќи мопед „Сим“ со скопски регистерски таблици изгубил контрола над мопедот и паднал на коловозот. Од незгодата В.О. се задобил со повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесени во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“  каде од страна на лекар му биле констатирани тешки телесни повреди. Бил извршен увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.

 

 

 

 

27.06.2018 - 10:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега