Охриѓанец без дозвола за градење изградил куќа

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „бесправно градење“, Секторот за внатрешни работи Охрид до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Р.К.(38) од Охрид, со привремено престојувалиште во Пенсилванија, САД.

Пријавениот, како што соопшти СВР Охрид, во мај годинава, на катарстарска парцела на улицата „Марко Нестороски“ во Охрид, како инвеститор почнал да врши градба на индивидуална станбена куќа на сопствено земјиште без одобрение за градење.

- Службени лица од Градежниот инспекторат-Охрид извршиле увид, за што е изготвен записник и донесено е решение за отстранување, односно за извршување-присилно административно рушење на бесправната градба, соопшти СВР Охрид. 

 

 

 

27.06.2018 - 11:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега