Полицијата упадна во гостиварски локал: Приведени 7 танчарки

Во периодот од 23.30 часот на 26.06.2018 до 03:00 часот на 27.06.2018 година полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Тетово и од Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Тетово спровеле акциска контрола во угостителски објект во село Добридол, гостиварско, сопственост на 25-годишниот Б.Р. од истото село, соопштија од МВР. 

Притоа, во објектот биле затекнати седум женски лица (танчерки) а од нив четири биле странски и три државјанки на Република Македонија.Четирите странски државјанки (три од Република Косово и една од Република Словенија), на возраст од 20 до 32 години, поради злоупотреба на туристичкиот престој, односно престојување спротивно на целта, биле приведени и задржани во Полициската станица Тетово за понатамошна постапка. 

Во исто време била спроведена акциска контрола  и во угостителски објект  во село Чегране, гостиварско, во кој биле затекнати осум женски лица, сите македонски државјанки.

 

 

 

 

27.06.2018 - 12:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега