Нападнати градежни работници во Скопје

Во Секторот за внатрешни работи Скопје вчера во 11 часот 61-годишниот А.П. и 29-годишниот Ќ.С. пријавиле дека биле физички нападнати од страна на 61-годишниот М.Х. од Скопје.

Физичкиот напад бил извршен додека двајцата пријавители извршувале градежни работи на булеварот „Крсте Мисирков“ каде дошол М.Х. и со возило сакал да помине на местото каде што се извршувале работите и бидејќи не сакал да чека да се ослободи патот, физички ги нападнал. 

Извршен бил разговор со пријавениот и бил земен записник по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

 

 

 

 

27.06.2018 - 12:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега