Штипјанец нападнат во својот дом: Пијан го претепал, па му ги земал парите

Секторот за внатрешни работи Штип поднесе кривична пријава против 35-годишниот М.Д. од Штип за сторено кривично дело - „разбојништво“.

На 06.06.2018 година околу 16,30 часот, во село Стар Караорман, штипско, во домот на 56-годишниот С.С., пријавениот, под дејство на алкохол, физички го нападнал С.С., при што му нанел телесни повреди и му одзел 8.000 денари. 

Истиот ден, околу 17:50 часот во угостителскиот објект во село Стар Караорман оштетениот побарал од пријавениот да му ги врати парите, по М.Д. повторно физички го нападнал нанесувајќи му телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Штип. 

 

 

 

 

27.06.2018 - 13:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега