Дел од повредените мигранти во сообраќајката кај Радовиш, ќе ја напуштат болницата со придружба на полиција

Шестмина мигранти кои беа поврдени во сообраќјна несреќа кај радовишки Бучим денеска поради добрата здравствена состојба ќе ја напуштата штипската Клиничка болница, во придружба на полицијата, информира на денешната прес-конференција директорот на Клиничка болница, Ален Ѓеорѓијев. Останатите шест пациенти, кои имаат посериозни повреди, како што се скршеници на карлица, екстремитети ќе бидат задржани на болничко лекување.

- Според она што е договорено болничкото лекување на пациентите, кои се странски државјани од Бангладеш и Шри Ланка ќе го покрие Меѓународниот центар за миграции, вели Ѓеорѓијев.

Тој истакна дека вчера попладнето со помош на толкувач, кој го знае нивниот мајчин јазик утврден е идентитот на повредените мигранти. Ѓеорѓијев забележа дека ги следат и препораките од Центарот за јавно здравје во делот на хигиената

 

 

 

27.06.2018 - 15:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега