Контролор на ЈСП претепал патник во автобус

Контролор во автобус на ЈСП претепал патник.
Како што информира полицијата инцидентот се случил вчера во 7:30 наутро во автобусот со број 60 на ЈСП Скопје.
Нападнатиот, инаку 60 годишен маж случајот го пријавил во полициската станица Бит Пазар.  Според пријавата тој бил нападнат од контролорот во моментот кога се симнувал од автобус. Нема информации за мотивите за инцидентот.
Од МВР најавуваат расчистување на случајот.

 

 

 

28.06.2018 - 12:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега