Маж се самозадволувал пред девојки во Градски парк

Во Полициската станица Центар, денеска во1 часот по полноќ, 24-годишната И.Н. од Скопје пријавила дека на 28.06.2018 година околу 23:30 часот во Градски парк, додека била во друштво со своја пријателка Е.К., забележале машко лице кое што во нивна непосредна близина вршело полови дејствија, односно се самозадоволувало.

По пријавувањето на настанот полициски службеници го затекнале лицето на место на настанот. Се работи за 36-годишниот З.Ш. од Скопје, тој бил лишен од слобода и приведен во полициска станица.

По целосното расчистување и документирање на настанот ќе следи соодветен поднесок.

 

 

 

 

29.06.2018 - 12:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега