Група мажи со камења и стапови уништиле продавница, куќа и автомобили во Струмица

Секторот за внатрешни работи Струмица поднесе кривична пријава против 29-годишниот К.Р., 25-годишниот А.Р. и 24-годишниот Д.Р., сите од село Баница, струмичко за сторено кривично дело - „насилство“. 

На 03-ти овој месец во продавица во село Баница, струмичко, по упатени закани, првопријавениот, кој бил во алкохолизирана состојба, физички ги нападнал сопственикот на продавницата и неговата сопруга. По ова, К.Р. зел секира, и повторно упатувал закани кон оштетените, но и кон други лица присути пред продавницата, по што заминал. По кратко време, пријавените заедно со неколку непознати лица, се вратиле во продавницата, при што со камења, стапови и секира извршиле оштетување на продавницата, куќата во која се наоѓа продавницата и возилата паркирани во дворот, и притоа повторно физички ги нападнале сопственикот, неговата сопруга и уште некоклку лица нивни роднини нанесувајќи им телесни повреди. 

 

 

 

 

29.06.2018 - 12:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега