Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Вчера 75-годишниот Л.К. пријавил дека на  27.06.2018 година околу 19:00 часот движејќи се по улица „Бранко Заревски" во Скопје бил нападнат од куче скитник кое го каснало во пределот на левата надколеницата.

Истиот ден 38-годишниот Н.Т. од Скопје пријавил дека  на 27.06.2018 година околу 22:00 часот во Комплекс клиники „Мајка Тереза", бил нападнат од глутница кучиња при што се здобил со повреда на десната нога.

На 28.06.2018 година 51-годишниот Н.Ј. пријавил дека на 27.06.2018 година околу 08.10 часот на раскрсница од улица "Живко Фирфов" со улица “Антон Димитров“ бил нападнат од куче скитник кое го каснало во предлот на десната подколеница.

 

 

 

 

29.06.2018 - 13:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега