Болничарка од скопската градска болница суспендирана поради селфи со човек на умирање

 

Болничарката која речиси пред една година се сликаше селфи со пациент пред умирање е суспендирана од своето работно место на Одделението за Неврологија во Градската болница „8 Септември“, потврди за „Фокус“ директорот на болницата Христијан Костов.

-Болничарката е суспендирана од работа и сега треба да одлучиме како ќе биде санкционирана. Во моментов е формирана петчлена комисија која утре треба да заседава и да донесе одлука. Уште еднаш ќе повторам дека такви работи не смеат да се случуваат во болниците. Тоа е страшно. Пациентот е починат веќе една година- истакна директорот Костов.

Болничарката која се фотографирала селфи со пациент на невролошкото одделение. На една од фотографиите можеше да се забележи дека болничарката носи болничка маска, а во нејзина задина е пациентот кој лежи во лоша здравствена состојба, целиот со цевки и приклучен на апарати за дишење

 

 

 

03.07.2018 - 21:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега