Време: Пеколен ден па пороен дожд - за викендот ново заладување

 

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне ќе има локален пороен дожд и грмежи, особено во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. УВ=8

Утринската температура ќе се движи од 12 до 19, а дневната температура од 27 до 33 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена облачност и со услови локално и во Скопската котлина да има појава на краткотраен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе се движи од 18 до  32 степени.

До петок ќе преовладува сончево и топло време. Во петок во попладневните часови ќе има локален пороен дожд и грмежи, особено на исток и во планинските предели. За време на викендот на повеќе места ќе има пороен дожд и грмежи и ќе дува умерен до засилен северен ветер кој ќе предизвика опаѓање на температурата за неколку степени.

 

 

 

04.07.2018 - 00:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега