АРМ ќе добие 125 нови војници
Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата на Република Македонија денеска ќе организираат свечена церемонија за прием на 125 професионални војници во редовите на Армијата.
Церемонијата ќе се одржи на платото пред зградата на Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ. Најавени се обраќања на претседателот на Владата Зоран Заев и министерката за одбрана Радмила Шекеринска.
04.07.2018 - 08:08
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа