Иванов во Словачка на манифестацијата „Денови на Св. Кирил и Методиј“

 

Претседателот Ѓорге Иванов денеска престојува во работна посета на Словачка по повод учеството на манифестацијата „Денови на Св. Кирил и Методиј“ во Терхова.

Иванов, како што соопшти неговиот кабинет, ќе се обрати на традиционалната манифестација „Денови на Св. Кирил и Методиј“ и ќе присуствува на свечена литургија во катедралата Св. Кирил и Методиј - Брдо Оравцове, која претставува најголем храм во Словачка, посветен на сесловенските просветители.

Годинешната манифестација „Денови на Св. Кирил и Методиј“, на која се организираат повеќе културно-историски и духовни настани е посветена на десетгодишнината од основањето на Епархијата на Жилина, чии заштитници се Св. Кирил и Методиј.

Терхова во Жилина, е местото каде што во древната Велика Моравија, Светите Кирил и Методиј ја извршиле својата четврта просветителска мисија.

Денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј - 5 Јули се прославува како државен празник во Словачка. 

 

 

 

04.07.2018 - 10:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега