Подгответе се: Метеоролозите со најнови информации - какво време не очекува викендов
За време на викендот територијата на нашата држава ќе биде зафатена од влажна и нестабилна воздушна маса која на повеќе места ќе придонесе за развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, објави метеорологот Славчо Попоски.
Локално процесите можно е да бидат поинтензивни и застапени во форма на невреме проследено со пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и појава на град.
Ќе започне да дува северен ветер особено во недела кога ќе има освежување на времето и пад на температурите на воздухот.
Максималните дневни температури на воздухот утре (сабота) ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 35 степени додека во недела истите ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 31 степени.
Појава на локален пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град ќе има и во скопскиот регион.
На граѓаните ги советуваме во случај на појава на електрични празнења да не претстојуваат на отворен простор и под осамени дрвоја додека овчарите своите стада да ги делат во помали групи со цел да ги заштитат.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа