Васкопулос: Македонците да го следат примерот на нивните претци и да гледаат во иднината
Лидерот на Македонците во Грција, Павле Васкопулос преку статус на својот Фејсбукпрофил ги повика Македонците да го следат примерот на нивните претци и да гледаат напред во иднината индиректно поддржувајќи го Договорот со Грција.
„Македонската национална идеологија да биде токму „лек" за овие веќе надминати идеологији окулу славно-античко минато во Грција. Докажано е веќе дека современата национална Македонска идеологија при самиот почеток беше различна од како што се развивале во Грција и Бугарија, децении по рано. Македонската национална идеологија стави најдоброто од раните анархистички-социјалистички доброти. Најкарактеристично је меѓу другото дека од една страна сите Балкански соседни држави окулу политичкиот систем одбрале Крал, при Македонското Република, друг систем-новитет, од друга страна пак во другите Балканци држави националните Цркви биле од голема важност. При Македонската идеологија маргинализирана ова улога. Јас како тинејџер кога читав за Пулевски, Чуповски, Гемициите, особено Мисирков (вид Евангелије "За Македонските Работи"...) дознав млад и себеси реков... Еј Павле! Затоа треба да си свесен и горд Македонец да бидиш токму по напред од другите Балканци народи. Ајде да им помогнувам со пријателите истомисленици позитивно, да работиме за доброто на Македонштината и народите во регионот“ напиша Павлопулос на Фејсбук.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа