Премиерот Заев гостин во познатата емисија „Hard Talk“ на Би Би Си
Македонскиот премиер Зоран Заев кој е на Самит ЕУ-Западен Балкан во Лондон, на својот профил на Фејсбук напиша дека британската медиумска јавност го препознала развојот на настани во Република Македонија, што заслужуваат да бидат вест и внимание.
-Британската медиумска јавност го препозна развојот на настани во Република Македонија, што заслужуваат да бидат вест и внимание. Затоа дојде поканата од продуцентите на највлијателната и најгледаната политичка емисија на БиБиСи, Hard Talk. Одлично интервју со новинарката Зеинаб Бадави, за време на Самитот за Западен Балкан во Лондон, се напиша Заев.
,,Речиси три децении, Поранешната Југословенска Република Македонија е заклучена во горчлив спор со соседна Грција за нејзиното име, бидејќи има грчка провинција наречена Македонија. Минатиот месец двете земји потпишаа историски договор за промена на името на оваа мала балканска држава во Република Северна Македонија -што ќе биде предмет на референдум. Договорот го отвора патот за Македонија да влезе во ЕУ и НАТО. Ова ќе биде добредојден чекор за земја која е една од најсиромашните во Европа. Но, предизвиците од националистичките тврдокорници, опозицијата и претседателот сигнализираат бурни времиња за социјалдемократската влада. Зеинаб Бадави зборува со премиерот Зоран Заев. Дали го има она што е потребно за промена на срцата и умот и да ја постави својата земја на патот на поголем просперитет?
“
Извор:BBC Hard Talk
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа