Владата соопшти дали ќе ги тужи Лозано и Љубојна

Владата денеска преку соопштение објави дека нема да ги тужи пејачот Влатко Лозановски и групата Љубојна за откажување на ангажманот, туку дека ќе се спогодат.

„Во секој договор е наведено дека ангажманот е за „прослава по повод поканата за Македонија за членство во НАТО“ со наслов “Одиме напред – Македонија во НАТО и ЕУ”.  Трошоците за неколкуте изведувачи кои го откажаа ангажманот не се вклучени во пресметката и нема да се реализираат, а административната процедура со нив ќе се заврши по пат на спогодба“, соопштија од Владата.

 

Оттаму информираа дека вкупните трошоци за прославата биле 179.500 евра.

 

 

 

16.07.2018 - 15:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега