Амбасадата на Русија: Изјавата на Заев ја става под знак прашање искреноста на заложбите на Владата на Македонија (видео)

По денешната изјава на македонскиот премиер дека Русија плаќала за насилни протести во Македонија се огласи и Руската амбасада во која се вели дека изјавата на Заев ја сметаат за политички неодговорна.

„Изјавата на Заев ја става под знак прашање искреноста на заложбите на Владата на Македонија за градење добри односи со Русија. Со жалење констатираме дека русофобијата сѐ повеќе станува алатка во надворешната, а и во внатрешната политика“, се вели во реакцијата на руската амбасада во Македонија.

 

 

 

 

16.07.2018 - 18:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега