Владата го разгледа извештајот од ревизијата на финансиски извештаи во Министерството за правда

 

Владата на денешната седница го разгледа извештајот за извршена ревизија на финансиски извештаи и ревизија на усогласеност за 2016 година на Министерството за правда и му препорача на Државниот завод за ревизија да постапи по службена должност по наодите.

Владата го задолжи Министерството за правда да подготви Акциски план со точно дефинирани рокови и носители за имплементација на дадените препораки од Конечниот извештај на Државниот завод за ревизија за извршената ревизија на регуларност за 2016 година во функција на надминување на утврдените состојби и истиот во рок од 30 дена да го достави до Владата на Република Македонија и до Државниот завод за ревизија.

Според наодите во извештајот на Државниот завод за ревизија, Владата ги задолжи сите министерства и други органи на државна управа, во сите случаи каде што има основа за сомневање, во исправноста во постапката при изградбата на објектите за кои се тие инвеститори, да покренат постапка за одземање на лиценцата за изведувачите за тој објект (проектанти, ревиденти, надзор, изведувач...) 

 

 

 

17.07.2018 - 15:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега